Ѓоковиќ без проблеми до полуфиналето во Торино

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од завршниот турнир во Торино откако со 2-0 (6-3, 6-2) славеше над Андреј Рубљов. На српскиот тенисер му беа потребни само 69 минути да осигура полуфинале од првото место во групата и воедно да стигне до својата 40. победа во финалните дуели на АТП турнирот.

Српскиот ас силите сега ќе си ги одмери со Камерон Нори кој го заменува Стефанос Циципас кој се откажа од турнирот поради повреда.

Се вчитува...