Новак Ѓоковиќ без проблеми го совлада Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6-3, 6-3 и 6-3 во реприза на финалето од 2018 година на Вимблдон. Првиот рекет во сетот во ниту еден момент од мечот не му дозволи на противникот да се понадева дека може било како да го направи интересен мечот.
Ѓоковиќ во 3. коло за противник ќе го има победникот од мечот меѓу Андреас Сепи и Денис Кудла. Во машкиот дел од ждребот денеска пласман понатаму обезбедија и Италијанецот, Матео Беретини и Јапонецот, Кеи Нишикори.
Кај дамите победи забележаа финалистката од Ролан Гарос, Анастасија Павличенкова, Украинката Елина Свитолина, а изненадување е елиминацијата на Бјанка Андреску која беше поразена од Ализ Корне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА