Ѓоковиќ: Благословен сум што сум тенисер број еден

Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши и осмата година во неговата кариера како тенисер број еден. Со победата над Холгер Руне во првиот натпревар на АТП турнирот во Торино Србинот го осигура потребниот број на поени за да испише нова историја во „белиот спорт“.

Денеска Ѓоковиќ го доби и осмиот трофеј наменет за тенисерот број еден по кој одржа и краток говор изјавувајќи дека ова достигнување е сон на секој тенисер и тој е благословен што е на врвот.

„Ова е очигледно круна на сезоната. Знаете, да бидете тенисер број еден во светот на крајот на годината е сон на секој кој се бави со спортов. Тоа е нешто што е најтешко што може да го направите во овој спорт. Освојувањето на грен-слемови и тоа да се прв на светот е нешто за што сите целат. Ова беше една долга година за сите тенисери и тоа што стојам тука денеска е голем благослов“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...