Новак Ѓоковиќ рутински стигна до четвртфиналето на ОИ во Париз откако денеска славеше со максимални 2-0 и во осминафиналната пресметка од овие Олимписки Игри. Ривал на српскиот ас беше Германецот Доминик Кефер (70. на АТП-листата), кој успеа да парира во првиот сет, но не и да ги замрси сметките на фаворитот во ова осминафинале.
Стартот на мечот мина во израмнета битка, Ѓоковиќ прв го освои сервисот на противникот но Кефер веднаш одговори со рибрејк. Србинот сепак ја дочека својата шанса пред самиот крај на сетот, користејќи ја првата сет-топка за предност од 7-5.
Овој момент го наполни со самодоверба Ѓоковиќ, кој заигра уште подобро на стартот од вториот сет, експресно поведувајќи со 3-0. Германскиот тенисер успеа да се консолидира, но Новак рутински ја задржа предноста од еден брејк, славејќи со конечните 6-3.
Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде Стефанос Циципас, кој славеше во денешниот осминафинален дуел против Аргентинецот Баез со 7-5, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА