Ѓоковиќ: Чувството кога настапувам за Србија е незаменливо

Новак Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон го изедначи учинокот во најуспешната сезона во кариерата, бар кога се гренд слем титултие во прашање, а сјајниот учинок е дополнителен мотив за најдобриот рекет на светот да бара нови предизвици.

Погледите на Србинот сега се насочени кон Летните олимписки игри и УС Опен, а како што вели 34-годишникот бранењето на националните бои секогаш носи дополнителен мотив.

„Освојувањето на три гренд слем титули за мене беше врвот во најдобрите сезони во 2011 и 2015 година. Оваа година веќе освоив три гренд слем турнири и остануваат уште Олимписки игри и УС Опен. Тоа се најголемите две цели до крајот на сезоната. Целта ми е да стигнам до медал, се надевам на златен и тоа не е тајна. Тек потоа ќе размислувам за Њујорк и да комплеитрам се. Чувството кога ја претставуваш својата држава на најголемиот собир во историјата на спортот е незаменливо. Олимписки игри се нешто посебно“, вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...