Ѓоковиќ: Да не бев Србин одамна ќе ме величеа како најдобар на сите времиња

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ постави нов рекорд освојувајќи ја 24 грен-слем титула откако во финалето на УС Опен славеше против русикиот тенисер Данил Медведев со 3-0 во натпревар кој траеше нешто повеќе од три часа.

Најдобриот тенисер на сите времиња беше запрашан дали се смета за еден од најдобрите спортисти на сите времиња, а имаше интересен одговор.

„Ви оставам на вас и на вашите другари да процените дали сум или не сум најдобриот и дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Фактот е еден – да не сум од Србија одамна ќе ме величеа и ќе ме правеа најдобар на сите времиња, поготово во западниот свет. Но, добро, тоа е дел од мојот животен пат и горд сум на тоа што доаѓам од Србија, тоа ми дава верба и надеж дека се што ќе остварувам во животот е уште послатно, а вие пишувајте што сакате“, изјави Србинот.

Се вчитува...