Ѓоковиќ: Детето кое растеше во војна го претвори својот сон во јаве

Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер на сите времиња откако успеа да стигне до рекордната 24. гранд-слем титула. Тој во финалето на последниот гранд-слем турнир во сезоната славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3.

По мечот рекордерот по бројот на титули изјави дека ужива што и понатаму го живее сонот од детството.

„Можеби на себе морам да си кажам дека го сонувам својот сон од детството да се натпреварувам на највисоко ниво на овој спорт кој ни даде многу на мене и на целото мое семејство. Ние дојдовме од многу тешка ситуација и војната кај нас. Беше многу тешко за моите родители бидејќи се жртвуваа многу за мене. Ми дадоа поддршка да го играм овој спорт кој е многу скап и недостапен за мојата земја. Пред мене никој нема играно тенис пред мене па беше малку чуден избор. Вербата на моето семејство, мојата сопруга моите деца и сите што се тука ова е ваш успех колку и мој“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...