Ѓоковиќ до пехарот во Белград како загревање за Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ успеа да стигне до својот втор трофеј во 2021 година, триумфирајќи на „домашниот турнир“ во Белград што се играше на земјена подлога како загревање за Ролан Гарос. Српскиот тенисер стигна до титулата со само еден загубен сет на четирите одиграни мечеви, откако во денешното финале славеше над Словакот Молцан со 2-0.

Мечот изобилуваше со интересни моменти, во првите шест гејма и двајцата тенисери направија по два брејка, дуелот беше израмнет до 3-3, по што Ѓоковиќ повторно го освои сервисот на противникот и славеше со 6-4. Српскиот тенисер потоа рутински го доби вториот сет со 6-3, на огромно задоволство на домашните фанови на трибините во Белград.

Ова беше успешна генералка во пресрет на Ролан Гарос, каде Ѓоковиќ во првото коло ќе се сретне со Американецот Сандгрен. Србинот го очекува пеколна ждрепка бидејќи доколку нема изненадувања во четвртфиналето би играл со Роџер Федерер, а потоа веќе во полуфиналето би налетал на Рафаел Надал.

Се вчитува...