Ѓоковиќ до рекордна „24“ или Медведев повторно ќе биде „парти-брејкер“

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев вечерва ќе се борат за титулата на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен.

Српскиот тенисер кој од утре повторно ќе се врати на 1. место на АТП листата вечерва има шанса повторно да испише историја стигнувајќи до 24. гранд-слем трофеј во кариерата со кој ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт на првото место на вечната листа и со тоа само ќе го зацементира фактот дека е најдобар тенисер на сите времиња.

Сепак, има што да покаже и Русинот кој веќе еднаш токму во Њујорк успеа да му ги расипе плановите на Ѓоковиќ, добивајќи во финалето пред две години во меч кој беше единствен пораз за Србинот на гранд-слем турнирите во 2021 година.

Натпреварот кој ќе се игра на централниот терен „Артур Еш“ во Квинс е со почеток во 22 часот.

Се вчитува...