Ѓоковиќ доби нова битка против британските новинари

Новак Ѓоковиќ предизвика нов гнев на британската јавност, по ситуацијата со антидопинг агенцијата на мечот против Велика Британија во Дејвис купот.

Имено, тој беше лут на антидопинг агенцијата што пред мечот со Камерон Нори побарал од него да оди на тест. Иако, голем број од британските медиуми бараа тој да биде суспендиран поради одбивањето, сепак на крајот се докажа дека најдобриот тенисер во светот бил во право.

„Важно е да се нагласи дека Ѓоковиќ не го одбил тестот. Правилото е дека играчот е информиран, а потоа е должен да се тестира што е можно поскоро. Во натпреварувањата како што е Дејвис купот, играчот може да биде информиран за ова пред натпреварот, додека во другите натпреварувања тоа обично се прави после него. Тоа е веќе добро воспоставена процедура. Тенисерите имаат право да одлучат дали ќе бидат тестирани пред натпреварот. Доколку не решат така, после него ќе следи контрола. Тие имаат право на избор“, се вели во образложението на ИТФ. 

Се вчитува...