Ѓоковиќ доби одговор од Австралија – кратко и јасно „НЕ“

Властите во државата Викторија во Австралија одговори на барањето на Новак Ѓоковиќ, кој како  претседател на здружението на тенисери се обиде да се избори за подобри услови пред почетокот на Австралија Опен. Српскиот тенисер состави список на желби и барања обидувајќи се да се избори за подобри услови, особено за тенисерите кои се наоѓаат во строг карантин и немаат право да излезат од соба две недели.

Сепак, одговорот на австралиските власти беше дециден, а писмото на Новак и неговите барања ги прокоментира премиерот на државата Викторија, Данијел Ендрјуз.

„Правилата нема да се менуваат, бидејќи стигнаа од здравствените работници. Луѓето можат слободно да даваат списоци за желби, но одговорот е не. Знам дека неколку тенисери бараат да се менуваат правилата. Тие важат и за нив како и за сите други. Сите беа информирани пред доаѓањето и мора да се држат до правилата. Тука нема посебен третман, бидејќи вирусот исто влијае на сите. Затоа, никој нема посебен третман“, изјави Ендрјуз. 

Се вчитува...