Ѓоковиќ: Добро е што порано ќе одам во Мелбурн

Елиминацијата во полуфиналето на турнирот во Доха не го вознемири многу првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Тој во три сета загуби од Шпанецот Роберт Баутиста-Агут и го заврши настапот без трофеј.

Сепак Србинот вели дека овој пораз не е многу значаен на патот кон освратување на клучната цел за периодов, титулата на Австралија Опен.

„Во Доха играв и дубл со брат ми, но мислам дека тоа не влијаеше на мечот со Агут. Роберт едноставно беше подобар. Мислев дека имам контрола, но тој успеа да направи пресврт. Генерално, се радувам што ќе имам неколку дена повеќе во Мелбурн“ – вели Ѓоковиќ кој ќе се обиде да ја освои седмата титула на Аус Опен.

Турнирот почнува 14 јануари, а трофејот го брани Роџер Федерер.

 

Се вчитува...