Ѓоковиќ е господин: Премногу ги почитувам Федерер и Надал за да кажам нешто лошо за нив

Новак Ѓоковиќ јасно стави до знаење дека не сака да биде вклучен во препукувања со Рафаел Надал откако Шпанецот пред десетина дена упати критики на адреса на најдобриот тенисер на денешницата, поради неговата опсесија за победи и трофеи.

Новинарите побараа одговор од Новак за „приказната“ да продолжи, но Ѓоковиќ јасно стави до знаење дека нема намера да влегува во конфликт со Надал и со Роџер Федерер.

„Сето тоа стана вирално, луѓето зборуваат многу, но јас нема да се вклучам. Секој може да каже што мисли, за мене Рафа Надал е голем шампион кого многу го ценам и како човек и како етнисер, бидејќи тој во голема мера учествуваше во обликувањето на мојата игра и моите резултати. Немам намера да зборувам во негативен контекст за Надал или пак за Роџер Федерер на кој било начин, бидејќи мојата почит ги надминува можеби некои негативни мислења за нив. Едноставно е, премногу ги почитувам за да кажам нешто лошо за нив“ – изјави Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...