Ѓоковиќ е ју-носталгичар: Македонците и Хрватите ги чувствувам како свои…

Новак Ѓоковиќ беше еден од најголемите фанови на хрватската репрезентација за време на последниот ракометен Мундијал, отворено давајќи им поддршка на Модриќ, Ракитиќ и останатите „коцкести“ во атакот на светскиот трон. За ваквите ставови најдобриот светски тенисер беше и отворено критикуван во српската јавност, но Ѓоковиќ е дециден во пораката дека никогаш не може да се промени она што го чувствува не само за Хрватска, туку и за Македонија и БиХ.

„Свесен сум каква е политичката ситуација и знам дека раните од војната се уште се свежи за многу луѓе. Се молам за сите што се уште имаат последици од таа војна, но спортот треба да биде надвор од политиката, во тоа цврсто верувам. Хрватска, Македонија, БиХ, тоа се наши први соседи и јас лично ги гледам како свои. Знам дека многумина ќе се навредат од ова што го зборувам, јас и нив ги разбирам и ги почитувам, но само го кажувам моето лично мислење“ – искрено говори Ѓоковиќ.

Се вчитува...