Ѓоковиќ е „крал на драмата“: Преку Чилиќ до полуфинале на Мастерсот во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во драматичен меч во три сета славеше против Хрватот Марин Чилиќ за пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз.

По два часа и десет минути игра, низ вистинска драма и квалитетен тенис, на крајот Ѓоковиќ победи со пресврт откако Чилиќ го доби првиот сет со 4-6. Во следните два славеше Србинот со 6-2 и 6-3.

Во полуфиналето претходно пласман обезбедија и Русинот Качанов и Австриецот Тим, а последниот полуфиналист ќе го даде пресметката меѓу Федерер и Нишикори.

Се вчитува...