Гвидо Пелја неодамна објави крај на кариерата, но како еден од оние кои имаше можност да игра против Федерер, Надал и Ѓоковиќ кога тие беа на врвот на кариерите аргентинскиот тенисер даде интересна споредба на тројцата великани на овој спорт.
Според Пелја, Ѓоковиќ со остварените резултати докажал дека е најдобар тенисер на сите времиња, но и напомена дека Новак во една работа никогаш нема да го стигне Роџер Федерер.
„Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња…ако ги гледаме статистиките, ранкингот.. но Федерер, тој е синоним за тенис… Никој никогаш нема да биде како Роџер, елегандијата, почитта кон ривалите, скромноста… како се однесуваше на теренот и надвор од него. Федерер изгледаше како воопшто да не вложува никаков напор, не вика, не слави, не се поти, тој имаше антиципација како никој друг во нашиот спорт, да знае каде ќе оди топчето. Затоа сум убеден дека никој не му донесе на тенисот толку многу работи како Швајцарецот“, изјави Пелја.
Најдобар ранкинг на Аргентинецот беше 20. место на АТП-листата, има освоено една титула во кариерата, а на гранслем турнирите најдобар пласман му е четвртфиналето на Вимблдон во 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА