„Ѓоковиќ е опседнат да биде најдобар на светот“

Рускиот тенисер Карен Хачанов е еден од оние кои за идол го имаат Новак Ѓоковиќ. Хачанов честопати за Србинот говори во суперлатив, а така беше и овој пат по егзибицискиот турнир во Санкт Петерсбург.

Русинот вели дека сака постојано да ја подобрува својата игра како и Ѓоковиќ кој е опседат да биде најдобар на светот.

„Имам уште многу место за напредок. Во многу елементи од играта морам да бидам уште подобар. Мојот тим и јас постојано дискутираме за тоа. Кога би успеал да бидам перфектен во се, тогаш би бил како Ѓоковиќ, прв на светот. Дури и тој самиот секогаш говори дека нешто му недостасува и постојано ја поправа својата игра. Тој е опседант да биде најдобар на светот“, изјави Хачанов.

Се вчитува...