Ѓоковиќ е само на 215 бода зад Надал

Рафаел Надал и на најновата АТП листа го држи првото место, но со оглед дека не настапува, поради повредата на коленото, засилениот Новак Ѓоковиќ е се поблиску до него во трката за лидерската позиција. Србинот кој вечера по четврти пат го освои мастерсот во Шангај, сега е на втората позиција и има само 215 бода заостанување зад Надал.

Ѓоковиќ најави дека до крајот од годинава ќе игра на последниот турнир од мастерс 1000 серијата во Париз и на финалето во Лондон, додека за Надал и натаму е незивесно кога ќе му се врати на тенисот. Дури и во случај тој да игра во Париз, лесно може да се случи да се симне од врвот доколку Ѓоковиќ стигне до трофејот во „градот на светлината“.

Роџер Федерер падна на третата паозиција и не можеше многу да направи околу тоа бидејќи дури и ако го освоеше Шангај, а Ѓоковиќ беше финалист, второто место ќе му припаднеше на српскиот тенисер.

Други поголеми промени меѓу десетте најдобри на АТП листата нема, додека најголем скок оваа седмица направи финалистот од Шангај, Борна Чориќ кој сега е на 13. позиција што му е најдобар пласман во кариерата.

На ВТА листата, повредената Симона Халеп и натаму е лидерка, пред Каролине Возњаки и пред Анжелик Кербер.

Се вчитува...