Ѓоковиќ е „терминатор“: Беше отпишан против Циципас но со пресврт стигна до победа

Новак Ѓоковиќ по огромна драма успеа да го совлада Стефанос Циципас со 2-1 во сетови и да се пласира во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Рим. Како и многупати досега, српскиот тенисер се наоѓаше на работ на амбисот, но успеа да најде начин да стигне до победата и да потврди дека моментно е убедливо најдобар тенисер во светот.

Мечот почна вчера, а поради обилните дождови во Рим беше одложен за денеска, при резултат од 1-0 во сетови за грчкиот тенисер. На самото продолжение Циципас направи брејк, поведе со 3-1 и се чинеше дека е на пат да стигне до победата, но Ѓоковиќ се врати и успеа да триумфира во вториот сет со 5-7. Решавачкиот сет мина во израманета битка, но повторно Циципас беше првиот играч што стигна до брејк.

Гркот имаше водство од 5-4 и сервис, но Новак уште еднаш блесна кога беше најважно, ги освои следните три гејма и стигна до огромна победа.

Негов ривал во полуфиналето ќе биде подобриот од четвртфиналната пресметка меѓу Рубљов и Сонего.

Се вчитува...