„Ѓоковиќ е тотално во право, Косово е Србија“

Француската тенисерка Кристина Младеновиќ даде коментар околу целата ситуција во првото коло на Ролан Гарос, кога Новак Ѓоковиќ предизвика вистинска бура во Париз со пораката „Косово е срцето на Србија, стоп за насилството“ по првото коло на Ролан Гарос.

Многумина го обвинија Ѓоковиќ дека испратил политичка порака, но Младеновиќ која има српски корени и потекнува од Гњилане не мисли така.

„Ѓоковиќ е вистински пример за останатите. Видов што напиша. На многумина не им е дозволено да зборуваат за конфликтот меѓу Русија и Украина, тоа не ли е политички? Го делам ставот со Ѓоковиќ. Косово е Србија и за мене. Мојот татко е од Гњилане, а јас таму одев како дете“, вели Младеновиќ.

Се вчитува...