Ѓоковиќ еден сет се мачеше, па го среди Андерсон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Шангај, откако славеше со 2-0 во сетови над Кевин Андерсон.

Ривалот од Јужна Африка се покажа како незгоден ривал пред се во првиот сет, кога со беспрекорни сервиси му создаваше огромни проблеми на Ѓоковиќ. Србинот спаси и една сет-топка при резултат 5-6, за потоа во тајбрејкот рутински да триумфира со 7-1. Отпорот на противникот беше скршен, Новак експресно поведе и со 3-0 на стартот од вториот сет, што потоа без многу мака ја задржи се до конечните 6-3.

Тој во полуфиналето ќе ги одмери силите со Алекс Зверев, кој денеска беше подобар од Британецот Едмунд, триумфирајќи со 6-4, 6-4.

Се вчитува...