Ѓоковиќ експресно до четвртфинале на Австралија опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го одигра најдобриот натпревар на годинашното издание на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен. Србинот во осминафиналето го декласираше домашниот тенисер, Алекс де Минаур со максимални 3-0 по сетови 6-2, 6-1 и 6-2.

Србинот овојпат немаше големи проблеми со повредата на задната ложа и одигра маестрално за ново четвртфинале во Мелбурн. Таму за противник ќе го има Русинот, Андреј Рубљов кој во трилер натпревар со 3-2 во сетови славеше над Данецот, Холгер Руне.

Во четвртфиналето се пласираше и Американецот Томи Пол кој славеше против Шпанецот Роберто Баутиста Агут, а во следната рунда ќе игра против својот сонародник Бен Шелтон.

 

Се вчитува...