Ѓоковиќ експресно до осминaфинале на Ролан Гарос

Првиот тенисер во светот без проблеми се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос откако во третото коло го победи Колумбиецот Галан Риверос со 3-0 по сетови (6-0, 6-3 и 6-2). Србинот во текот на целиот меч ја имаше контролата и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се надева дека има шанси за нешто повеќе.

Во осминафиналето Србинот ќе игра против Русинот Карен Хачанов кој денеска го елиминираше Чилеанецот Кристијан Гарин. Во машкиот дел од турнирот денеска пласман меѓу шеснаесетте најдобри обезбедија и Циципас, Рубљов, Карено Буста, Фучовиц, Димитров и Алтмаер.

На женскиот дел од турнирот, Остапенко по елиминацијата на Плишкова денеска загуби од Шпанката Бадоза, Квитова славеше со 2-0 над Фернандез, додека Мартиќ прокоцка предност од 1-0 во сетови и на крајот беше поразена од Германката Зигмунд.

Се вчитува...