Ѓоковиќ експресно го реши Шварцман

Новак Ѓоковиќ одлично го почна настапот на Мастерс-турнирот во Лондон, триумфирајќи со 2-0 во сетови над Диего Шварцман од Аргентина. Српскиот тенисер, кој без оглед на резултатот во Лондон ќе ја заврши годината како прв на АТП-листата, уште еднаш покажа доминација во однос на ривалите.

Шварцман дури и прв стигна до брејк на мечот, за водство од 1-2 во првиот сет, но Новак експресно возврати, добивајќи го сетот со 6-3. Веднаш потоа Ѓоковиќ направи брејк и во првиот гејм од вториот сет, поведувајќи со 2-0 и контролирајќи го резултатот до конечните 6-2.

Во вториот меч од оваа група вечерва силите ќе ги одмерат Медведев и Зверев.

Се вчитува...