Ѓоковиќ елиминиран, Тим прв финалист на АТП завршниот турнир во Лондон

Доминик Тим е првиот финалист на АТП завршниот турнир во Лондон откако во полфуналето го совлада најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ со 2-1, по сетови 7-5, 6-7 и 7-6.

Во првиот сет на Австриецот му беше доволен само еден брејк кој го направи при резултат 5-5. Во вториот сет во тај-брејкот Ѓоковиќ успеа да спаси четири меч топки и да го одведе мечот во одлучувачкиот трет сет. Третиот сет повторно стигна во 13 одлучувачки гем. Ѓоковиќ поведе со 4-0, но со неверојатна серија 7-1 Тим стигна до финале во Лондон.

Тим во финалето кое на програмата е утре го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Данил Медведев и Рафаел Надал.

Се вчитува...