Ѓоковиќ емотивен како никогаш досега: Никогаш нема да се откажам, ако треба ќе играм и со една нога!

Новак Ѓоковиќ е најновиот во низата фаворити кои се елиминирани во овогодинешното издание на Ролан Гарос, губејќи со 2-3 од Бразилецот Жоао Фонсека во вчерашниот меч во кој српскиот тениски великан имаше предност од 2-0 во сетови што сепак се покажа недоволно за да се стигне до следната рунда и да се продолжи атакот на 25. гранслем турнир во кариерата.

По натпреварот на прес-конференцијата тој беше емотивен како никогаш досега велејќи дека не размислува да се откаже и дека ако треба ќе игра и со една нога…

„Жалам што немав 19 години на теренот, но стигнав до пет сета. Секој што игра против мене на гранд-слем, мора да ме победи. Тој витешки дух и борба што ја носам во себе… нема да престанам, дури и да сум на една нога. Нема да се откажам. Ако некој ме победи вака, тоа е затоа што морал да ме победи, нема да му дозволам да победи без да се испоти“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...