Ѓоковиќ: Финалето на Вимблдон? Го надминав тој пораз за еден ден

Рекордерот по бројот на освоени грен-слем титули Новак Ѓоковиќ по летниот одмор замина во Соединетите американски држави каде ќе настапи на мастерсот во Синсинати по неколугодишна пауза.

Србинот на пресконференцијата за медиуми говореше на повеќе теми, а една од нив беше и последниот одигран меч, оној во финалето на Вимблдон во кој загуби од страна на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.

„Финалето на Вимблдон? Тоа не беше ниту прв ниту последен натпревар кој го загубив, па го надминав тој пораз за еден ден. Секако, навистина ми беше потребен одмор по тој дуел, како и поминување време со моето семејство, и тоа го направив. Жал ми беше што не ги искористив шансите за време на тоа финале. Бев во добра позиција во вториот сет, почувствував дека сум блиску до водство. Сепак, имаше неколку брејк топки во петтиот сет. Беше неизвесен натпревар, но Карлос заслужи да победи бидејќи играше подобро во важните моменти, како што кажав по финалето. Одиме понатаму. Да не бев мотивиран, немаше да бидам тука. Сега по многу години професионален тенис се чувствувам како да имам избор да го играм она што навистина сакам да го играм. И навистина сакав да бидам овде во Синсинати, а секако дека УС Опен е зад аголот“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...