Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/4 финалето на Австралија Опен, откако денеска во 1/8 финалето го совлада чешкиот тенисер Јиржи Лехечка со 3-0 во сетови 6-3, 6-4 и 7-6. Србинот само во третиот сет имаше малку тешка задача, но успешно ја реши и си закажа дуел со Карлос Алкараз во следната фаза.
Во следната фаза се пласираше и Александер Зверев, кој со 3-1 го совлада францускиот тенисер Умбер со 3-1.
Во 1/4 финалето претходно се пласираше и Пол, кој ќе игра со Зверев. 1/4 финалните двојки ќе се комплетираат утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА