Ѓоковиќ го напаѓа „вечниот рекорд“ на Федерер

Новак Ѓоковиќ изненади многумина со одлуката по подолга пауза да се врати назад на турнирот во Пекинг, но дел од српските медиуми објавија дека причината лежи во – желбата на Новак да го стигне фантастичниот рекорд на легендарниот Роџер Федерер.

Станува збор за рекордот од 968 седмици на Швајцарецот како дел од Топ 10 на АТП-листата. Ѓоковиќ досега беше 959 седмици меѓу најдобрите 10 тенисери на светот, но Новак по слабите изданија во Синсинати и на УС Опен испадна од ова „одбрано друштво“.

Токму затоа, Пекинг и турнирот од АТП 500 серијата делува како идеална можност за камбек во Топ 10, особено ако се земе во предвид неговата доминација во Кина. Имено, Ѓоковиќ досега има шест настапи во Пекинг и шест пати стигнувал до титулата, со импресивен скор од 29 победи и ниту еден пораз.

Серија што Новак ќе стори се да продолжи и годинава, на турнирот што стартува на 30 септември. Бидејќи со триумф ќе се приближи до „вечниот рекорд“ на Роџер Федерер.

Се вчитува...