Ѓоковиќ го освои Шангај, Чориќ немаше шанси во финалето

Рекордна четврта титула од мастерсот во Шангај и 32 пехар од АТП турнирите во кариерата за Новак Ѓоковиќ по триумфот во финалето на турнирот во кинескиот град над Борна Чориќ со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Ѓоковиќ лесно до доби првиот сет, а потоа мораше да се помачи за триумфот во вториот сет во кој младиот Хрват потсети многу повеќе на одличното полуфинално издание со кое го елиминираше Роџер Федерер. Спаси три меч топки во 9 гем и го принуди Ѓоковиќ на гем повеќе за победа.

Уште со пласманот во финалето, Ѓоковиќ го обезбеди второто место на АТП рангинкот, го надмина Федерер и е се поблиску до лидерот Рафаел Надал.

За Борна Чориќ ова беше прво финале во кариерата на турнирите од овој ранг, со пласманот во завршницата, тој ќе направи скок на понеделничката АТП листа на 13. позиција.

Се вчитува...