Ѓоковиќ го откажа настапот во Мадрид!

Најдабриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ дефинитивно нема да игра на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, потврди шпанска „Марка“. Со тоа Србинот му се придружи на Роџер Федерер кој исто така неодамна потврди дека нема да биде дел од турнирот кој се игра на комплексот „Каха махика“.

Ѓоковиќ не ја почна баш најдобра сезоната на земја на која доживеа порази од Еванс во Монте Карло и Карацев во Белград, но како што најавува и самиот единствена цел на турнирите на најспората подлога е детронизирање на Рафаел Надал на Ролан Гарос.

Новак е последен шампион на мастерсот во Мадрид кој го освои во 2019 година, а минатата сезона турнирот поради пандемијата од коронавирусот беше откажан.

Се вчитува...