Ѓоковиќ го откажа настапот во Шангај

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерс-турнирот во Шангај откако реши да го откажу патувањето во Кина поради замор од густиот распоред во изминатиот период.

Српскиот ас има четири пехари од Шангај, последниот во 2018 година, а треба да се истакне дека годинава овој турнир се враќа на календарот откако во 2021 и во 2022 година не се играше поради коронавирусот.

„Низ годините, во Кина добивав поддршка како ретко каде во светот. Шангај отсекогаш беше еден од моите омилени турнири. Ќе ми недостигаат моите фанови од Кина, се надевам дека во иднина ќе дојдам во вашата земја и ќе заиграм повторно пред вас“, објави Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...