Ѓоковиќ го откажа последниот тренинг пред полуфиналето со Зверев

Повредата што Новак Ѓоковиќ ја заработи на почетокот на Австралија Опен, а се влоши за време на четвртфиналниот дуел со Карлос Алкараз воопшто не е наивна. Србинот тешко се движеше во првите два сета, собра сили за голем камбек и славеше со 3-1 над големиот ривал, но повредата на мускулот на левата нога е далеку од санирана.

Последните информации од Мелбурн говорат дека Ѓоковиќ не тренирал во текот на вчерашниот ден, а Србинот го откажал и денешниот тренинг, што требаше да биде последен пред утрешното полуфинале со Александар Зверев.

Желба на Новак е целосно да ја одмори повредената нога пред претстојните предизвици, неговото учество во полуфиналето воопшто не се доведува во прашање, но останува да се види дали Ѓоковиќ ќе може да го даде максимумот против уште еден ас од самата светска тениска елита.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Зверев е закажан за утре рано наутро, во 04.30 часот по македонско време.

Се вчитува...