Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми си ја заврши својата задача триумфирајќи во два сета во вториот меч од пресметката меѓу Србија и Велика Британија, со што избори место за својата селекција во полуфиналето на Дејвис Купот.
Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис Купот откако Ѓоковиќ со 6-4, 6-4 го победи Камерон Нори и се избори за 2-0 во победи, по претходниот триумф на Кецмановиќ со 7-6(4), 7-6(4) против Дрејпер.
Во полуфиналето Србија ќе игра против Италија која претходно славеше против Холандија во другата четвртфинална пресметка со 2-1 во победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА