Ѓоковиќ го подобрува својот рекорд, без промени на врвот на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дополнително го подобри својот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, бидејќи сега ја држи и 336. недела како најдобар тенисер во светот. Неделата во која започнува УС Опен, Србинот ја стартува со 11.113 поени.

На врвот нема промени, зад Ноле се наоѓаат Данил Медведев (9.980), Стефанос Циципас (8.350), Александар Зеврев (8.240) и Рафаел Надал (7.815). Потоа следуваат Доминик Тим, Андреј Рубљев, Матео Беретини, Роџер Федерер и Денис Шаповалов.

Инаку, новата АТП листа ќе биде објавена по завршувањето на УС Опен, на 13 октомври.

Се вчитува...