Ѓоковиќ го прегази Манарино за четвртфинале на Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен откако славеше со 3-0 против Французинот Адријан Манарино во меч кој траеше еден час и 43 минути.

Ѓоковиќ првите два сета ги доби експресно со по 6-0 за 34, односно 35 минути игра, а третиот сет му припадна со скор 6-3.

Во четвртфиналето Србинот за противник ќе го има Американецот Тејлор Фриц кој пак приреди изненадување совладувајќи го Гркот Стефанос Циципас со 3-1 (7-6, 5-7, 6-3, 6-3).

Се вчитува...