Ѓоковиќ го прескокна Хуркач за место во четвртфиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако забележа победа од 3-1 против полскиот тенисер Хуберт Хуркач.

Во мечот кој траеше два дена со оглед на тоа што беше прекинат вчеравечер при водство на Србинот од 2-0, продолжи денеска, а продолжи и одличниот настап на двата тенисери. Полјакот успеа да намали на 2-1 добивајќи го третиот сет со 7-5, но Србинот си ја заврши задачата во четвртиот сет славејќи со 6-4.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Се вчитува...