Ѓоковиќ го преспа првиот сет, па се разбуди и го победи Бруксби

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето од УС Опен откако триумфираше со 3-1 во сетови нд Џенсон Бруксби, младиот Американец кој изненади со фуриозниот старт на овој осминафинален дуел.

Имено, Бруксби делуваше супериорно на теренот, експресно добивајќи го сетот против прворангираниот светски тенисер со 6-1 во гејмови. Тоа беше се од Американецот, бидејќи Новак во вистински момент се разбуди, почнувајќи со својата доминација. Тој израмни добивајќи го вториот сет со 6-3, потоа во третиот и во четвртиот му дозволи на противникот само по два гејма, за рутински триумф меѓу осумте најдобри тенисери на УС Опен.

Негов следен ривал ќе биде Беретини, кој исто така со 3-1 во сетови го совлада Германецот Оте. Подобриот од ова четвртфинале потоа во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Зверев и Харис.

Се вчитува...