Ѓоковиќ го пропушта Индијан Велс?

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ би можел да го пропушти претстојниот АТП Мастерс 1000 турнир кој ќе се игра во Индијан Велс. Како што пренесуваат српските медиуми, Ѓоковиќ во моментов е во Белград, но не тренира и затоа постои шанса да го пропушти мастерсот во „пустината“.

Тие пренесуваат дека причина за тоа што не тренира српскиот ас се некои проблеми кои не и се познати на јавноста и дека се очекува во следните неколку дена да ја донесе конечната одлука дали ќе отпатува во САД.

АТП турнирот во Индијан Велс ќе се игра во периодот од 4. до 17. октомври.

Се вчитува...