Ѓоковиќ го пропушта Пекинг и шансата да се врати на врвот

Новак Ѓоковиќ одлучи да го пропушти турнирот во Пекинг. Српскиот тенисер со тоа ја пропушта и шансата да освои дополнителни бодови кои би му биле важни во борбата да се врати на првото место на АТП листата, откако претходно од настапот во Кина се откажа и Рафаел Надал кој е повреден. Следниот настап на Ѓоковиќ ќе биде на турнирот во Шангај.

Проценката на поранешниот прв светски рекет е дека за него би било исцтшувачки да настапи и во Пекинг и во Шангај бидејќи ако и на двата турнири да стигне до завршницата , тогаш ќе треба да одигра 10 меча за 12 дена.

Од таборот на Новак Ѓоковиќ се уште нема официјална потврда за откажувањето во Пекинг, но српските медиуми веќе објавија дека по настапот на „Лејвер Купот“ во Чикаго, тој се вратил да тренира во Србија и дека не сакал да ризикува со настап на двата турнири во Кина.

На АТП листата, Новак Ѓоковиќ моментно е на третата позиција со 6.445 бода. Пред него се Роџер Федерер со 6.900 и Рафаел Надал со 8.760 бода.

Се вчитува...