Ѓоковиќ го „скрши“ Чилиќ за финале во Синсинати

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Мастерсот во Синсинати откако во полуфиналната пресметка славеше против Хрватот Марин Чилиќ.

Ѓоковиќ победи по два и пол часа игра во три сета, славејќи со 6-4,3-6,6-3.

Турнирот во Синсинати е единствениот Мастерс кој Новак Ѓоковиќ го нема освоено во својата кариера. Па, сега во финалето ќе го очекува подобриот од втората полуфинална пресметката меѓу Роџер Федерер и Давид Гофин.

Се вчитува...