Ѓоковиќ: Го загубив фокусот, требаше да бидам подобар

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ спречи подвиг на Федерико Делбонис на Мастерсот во Мајами и по три сета обезбеди пласман во осминафиналето. Тој сепак мораш еда игра трет решавачки сет откако му дозволи на противникотда го добие вториот сет.

„Да бидам искрен, го загубив фокусот. Требаше да бидам ментално посилен на крајот на првиот и во вториот сет. Потоа првите гемови во третиот сет беше решавачки. Се борев, завршните гемови беа фантастични, па завршив на добар начин“ – изјави Ѓоковиќ

Во следното коло, српскиот тенисер ќе игра против Роберто Баутиста-Агут кој забележа победа во третото коло над Јанко Типсаревиќ.

Ѓоковиќ, минатата седмица беше рано елиминиран во Индијан Велс.

Се вчитува...