„Ѓоковиќ и Џордан, тие ќе бидат двајцата најголеми спортисти“

Легендарниот ракометар Игор Бутулија е воодушевен од успехот на Новак Ѓоковиќ, кој ја освои 19-та гран слем титула со освојувањето на финалето на Ролан Гарос. Србинот во финалето го совлада Стефанос Циципас со 3-2, па на овој начин по вторпат славеше во Париз.

Бутулија го спореди Ѓоковиќ со легендарниот кошаркар, Мајкл Џордан, па верува дека по завршување на кариерата Србинот ќе се најде во тесната листа на најдобри спортисти.

„Можеби е чудно за некои, но кога ќе размислат за тоа, ќе се согласат … Новак ќе биде на истото спортско-историско скалило со Мајкл Џордан. Тоа станува и ќе биде реалност. Само овие двајца спортисти имаат таква фасцинантна ментална сила и неверојатна желба за освојвуање на троефи на големи натпревари. Кога Ноле ќе ја заврши својата тениска кариера, на многумина ќе им биде јасно дека тој ќе биде меѓу најдобрите двајца спортисти на сите времиња на оваа планета – Џордан и Ѓоковиќ“, заклучи Бутулија.

Игор играше за Црвена звезда најдолго во својата кариера, а со репрезентацијата на Југославија освои бронзен медал на Европското првенство во 1996 година.

Се вчитува...