Ѓоковиќ и Димитров во елемент: Србинот урлаше од радост, Бугаринот направи „магија“ и го сокри топчето (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот, и тоа за првпат од поразот во финалето на Ју-Ес опен, па сега Србинот го очекува настап на Мастерсот во Париз, Франција. Во пресрет на овој турнир, Ноле максимално се подготвува за новите предизвици.

Ѓоковиќ вчера тренираше заедно со Григор Димитров, па тие двајца направија вистинско шоу за време на тренингот.

Бугаринот во еден момент ги насмеа сите откако го фати топчето со неговото меѓуножје, а и Ѓоковиќ имаше свое шоу, кога почна да урла по еден освоен поен.

 

 

 

 

 

Се вчитува...