Ѓоковиќ и Федерер обезбедија полуфинале во Синсинати

Новак Ѓоковиќ, Давид Гофин и Роџер Федерер обезбедија полуфинале на Мастерсот во Синсинати по синоќешните победи во четвртфиналните пресметки.

Ѓоковиќ по голема борба по три сета славеше против Милош Раониќ со 7-5,4-6,6-3, па сега во полуфиналето ќе игра против Марин Чилиќ кој беше подобар од Пабло Карењо-Буста.

Во полуфиналето ќе игра и Роџер Федерер кој славеше против сонародникот Станислас Вавринка, исто така во три сета со 6-7,7-6,6-2. Во полуфиналето Федерер ќе игра против Белгиецот Давид Гофин кој го елиминираше Мартин Дел Потро.

Се вчитува...