Ѓоковиќ и кога не игра најдобро победува

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон откако славеше во вториот меч против Австралиецот Џордан Томпсон со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-5.

Ѓоковиќ експресно го освои првиот сет во кој му беше доволен само еден брејк, но во останатите два Австралиецот пружи вистински отпор и успеа да го намачи првиот фаворит на турнирот.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу Вавринка и Ечевери.

Се вчитува...