Ѓоковиќ и Мареј „пријателски“ ќе се пресметаат во Мелбурн

Актуелниот и поранешниот светски тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј во Мелбурн ќе имаат пријателска пресметка в четврток на денот на извлекувањето на ждрепката за Австралија Опен.

Големите ривали сега се на сосема спротивни краеви на АТП листата, Ѓоковиќ е далеку напред пред конкуренцијата на водечката позиција додека Мареј кој долго отсуствување поради повреда падна на 230. место. Тој на првиот годинашен грен-слем ќе учествува благодарение на заштитениот статус, но нема да биде носител. Ѓоковиќ ќе биде прворангиран.

Ѓоковиќ и Мареј имаат четири меѓусебни пресметки во финалињата на Аус Опен. Турнирот почнува в понеделник.

Се вчитува...