Ѓоковиќ и Надал без мака до четвртфиналето во Рим

Денешните осминафинални дуели на мастерс-турнирот во Рим не донесоа поголеми изненадувања, па така двајцата главни фаворити Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал стигнаа до пласман во четвртфиналето.

Ѓоковиќ за противник го имаше Баутиста Агут, меч на кој српскиот тенисер целосно доминираше и стигна до лесна победа од 6-4, 6-4. Србинот за следен противник ќе го има Дел Потро, кој денеска го совлада Кеи Нишикори.

Рафаел Надал продолжи со импресивни игри на земјена подлога, лесно славејќи над Џек Сок од САД со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Шпанецот во следната рунда ќе се сретне со Доминик Тием од Австрија, кого пред само неколку дена го совлада во големото финале во Мадрид.

Џон Иснер денеска го елиминираше Стен Вавринка со 2-0 во сетови, а со добра игра изненади и Марин Чилиќ, кој го совлада Давид Гофан од Белгија.

Се вчитува...