Новак Ѓоковиќ започна уште една недела на врвот на АТП листата, вкупно 334 година. Србинот е прв со 11.113 поени, а потоа следува Данил Медведев со 9.630 и Стефанос Циципас со 8.115.
Рафаел Надал е на четвртата позиција, а првата десетка ја комплетираат Александар Зверев, Доминик Тим, Андреј Рублев, Матео Беретини, Роџер Федерер и Денис Шаповалов.
Што се однесува до тенисерите од регионот, најдобар, по Ѓоковиќ, е Борна Чориќ на 35-та позиција. Марин Чилиќ напредуваше за две места и сега е 37-от играч во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА