Ѓоковиќ и Стојановиќ во полуфиналето против Русите Карацев и Веснина во мешани двојки

Србите Новак Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ ќе играат против Русите Карацев и Веснина во полуфиналето на турнирот во мешани двојки на Олимписките игри во Токио.

Ѓоковиќ и Стојановиќ во четвртфиналната пресметка беа подобри од Германците Зигмунд и Кравиц победувајќи со 6-1, 6-2.

Русите Карацев и Весника, пак, во четвртфиналето ја елиминираа полската двојка Свјатек и Кјубот победувајќи ја во два сета.

Се вчитува...